Италија по 20 години прекинува со Puma - ја замени со Adidas

Филип Здравески
/ 22.12.2022 / 15:13

По 13 различни дизајни на домашните дресови, од кои некои веќе станаа легендарни, Италијaнската фудбалска федерација одлучи да се раздели со Puma и да ја замени со нејзиниот сосед Adidas.

ФИГЦ новото партнерство со Adidas го почнува од 1 јануари 2023 година бидејќи договорот со Puma истекува на 31 декември 2022. „Аѕурите“ се збогуваат со баварскиот производител после цели 20 години и 13 различни дизајни на дресови со кои освоија и Мундијал во 2006 и ЕУРО во 2021.

„20 години на нашите гради“, твитна официјалниот профил на репрезентацијата на Италија.

URL

„Благодарност до Puma, нашиот спонзор за дресови, што нѐ придружуваше до врвот на светот и потоа до оној на Европа, за тоа што ја облекуваше секоја наша победа и секој пораз и што со нас го споделуваше сонот кој сите нѐ обединува, оној на 'Аѕурите'“, се вели во соопштението објавено од ФИГЦ.

Сите 13 дизајни на домашните дресови произведени од Puma:

Нема да биде првпат Adidas да ги облекува Италијанците, но ќе биде после долго време. Производителот од баварското гратче Херцогенаурах, од каде - интересно - е и Puma, беше првиот спонзор на дресови на Италија и тоа од 1974 до 1979 година. Претходно „Аѕурите“ немаа спонзори.

Дресот на Мундијалот 1978 во Аргентина изработен од Adidas

Оттогаш Италија смени пет други производители на спортска опрема и тоа францускиот Le Coq Sportif (1980-1986), домашната Diadora (1986-1995), американскиот Nike (1996-1999), домашната Kappa (2000-2002), па Puma (2003-2022).

Промената на спонзорот значи и дека Италија ќе ја видиме во нови дресови, веројатно уште во март кога почнуваат квалификациите за ЕУРО 2024. Останува да видиме со каков дизајн ќе изненади Adidas.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе