Италијанските фудбалери ќе се вакцинираат пред Европското првенство

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини состави проширен список од 35 играчи на кои ќе смета за претстојното Европско првенство со цел сите фудбалери, кои ќе играат на завршниот турнир, да бидат вакцинирани.

Нивното вакцинирање треба да почне в понеделник и предизвикува остри реакции во јавноста поради бавното темпо на имунизација во 60-милионската Италија. Досега првата доза од вакцината против коронавирус ја примиле помалку 20 милиони Италијанци, а втора доза примиле помалку од шест милиони жители.

Европската фудбалска асоцијација претходно соопшти дека вакцинирање на фудбалерите, кои ќе настапат на Европското првенство, не е задолжително, но ги „охрабрува земјите учеснички што поголем број играчи да бидат вакцинирани“.

Италијанските медиуми јавија дека репрезентативците ќе примат вакцина од производителот Moderna со цел да можат да се ревакцинираат по три недели.

Европското првенство треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе