Иванишевиќ прв хрватски тенисер во Куќата на славните

Освојувачот на гренд-слем турнирот во Вимблдон во 2001 година, Горан Иванишевиќ, e првиот хрватски тенисер во историјата кој стана член на Куќата на славните.

– Пред 42 години го почнав ова патување од малиот хрватски град Сплит и тоа денеска завршува во Њупорт. Тука е крајот. Ова е остварување на моите соништа. изјави 49-годишниот Иванишевиќ на свечената церемонија

Иванишевиќ во Куќата на славните го внесе легендарниот американски тенисер Џон МекИнро.

– Го сакам Горан Иванишевиќ и неизмерно сум возбуден поради тоа што во Куќата на славните можам да внесам некој за кој слободно може да се каже дека на теренот беше полуд отколку што бев јас. Многупати играв против Горан, многупати го гледав и ги коментирав неговите натпревари и морам да кажам дека секогаш ме држеше на работ на столчето, бидејќи никогаш не знаев што ќе се случи следно, а не сум сигурен дека ниту тој самиот знаеше, рече МекИнро.

Иванишевиќ, од своја страна, рече дека токму МекИнро бил неговиот идол во детството.

– Не мислам дека бев полуд од тебе, но во секој случај бев многу блиску до тоа. Те сакам, го сакам твојот тенис и ти си причината поради која почнав да играм тенис. И да, многу пати те победував, рече Иванишевиќ на церемонијата по повод приемот на нови членови во тениската Куќа на славните во Њупорт.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе