1.МФЛ 2021/22

Избран тимот на полусезоната во Првата фудбалска лига

Најдобрите единаесетмина кои ја одбележаа есенската полусезона во најдобрата македонска фудбалска лига, плус дванаесет резерви.

Порталот посветен на македонскиот фудбал, MacedonianFootball.com, го објави тимот составен од играчите кои оставија најдобар впечаток оваа есенска полусезона во 1.МФЛ.

„Одбравме играчи од 7 различни тимови, најмногу, очекувано, од лидерот Шкупи кој беше најдобриот тим оваа полусезона. Интересно, никој од второпласираната Шкендија не се најде во првите 11. Бранителот на тронот иако заврши втор прикажа разочарувачка игра, но сепак неколкумина играчи одиграа солидно, иако недоволно за во првите 11, само за на клупата“, објаснува порталот за својот избор.

Три клуба не дадоа ниту еден свој претставник и тоа Пелистер, кој е закован на дното без ниту една победа, како и Борец и Работнички за кои порталот вели дека „нивната игра беше очајна“.

Голман: Кристијан Наумовски (Шкупи)
Вистина е дека ако примиш само 11 голови сигурно си имал одлична одбрана пред тебе, но 33-годишниот Кико имаше и добри одбрани многупати разочарувајќи ги противничките напаѓачи.

Десен бек: Александар Вареловски (Тиквеш)
Најстариот играч во најдобрите 11 (неколку месеци постар од голманот) е капитенот на кавадарчани кој е назад во Првата лига после три сезони играње во понизок ранг. Иако неговиот тим заврши на 10. место, Вареловски покажа искусна и сигурна игра, надигрувајќи ги конкурентите на десната латерална позиција.

Стопер: Клисман Цаке (Струга/Албанија)
Трета сезона гази во Струга, а сѐ уште големите клубови не го имаат земено. Играта на Цаке е ниво над нашата лига и наскоро нема да биде изненадување доколку направи трансфер во странство, освен ако Шкендија или Шкупи не одлучат да го купат.

Стипер: Абдул Руатубјаје (Шкупи/Руанда)
Репрезентативецот на Руанда се етаблираше како ѕид во одбраната на лидерот на табелата. Не е чудо што противниците им дадоа само 11 голови кога нивните офанзивци требаше да минуваат покрај него.

Лев бек: Михаил Маневски (Брегалница)
Ги почна сите 18 натпревари и само трипати беше заменет. Одигра најдобро од цела лига на позицијата лев бек покажувајќи дефанзивни квалитети, но активен беше и напред иако не постигна гол, а затоа запиша 5 асистенции.

Дефанзивна средина: Сефер Емини (Македонија ЃП)
Назад кај „Лавовите“ е 21-годишниот Емини и тоа како позајмен од рускиот второлигаш Акрон. Но, со оглед на тоа како игра ништо чудно Русите да се премислат и да го вратат. Неуморлив борец кој да тимот му дава двојна доза стабилност. Неверојатно е како младиот Емини е константно игнориран од селекторот на У21 репрезентацијата иако треба да биде во првите 11.

Средина: Фреди Алварес (Шкупи/Костарика)
Костариканскиот треквартиста сезонава најлесто играше на средината, и сепак го водеше својот тим. Асистираше многупати така што четвртина од головите на Шкупи се благодарение директно на него, а во многу други допринесе учествувајќи во акциите.

Десно крило: Матеј Цветаноски (Шкупи)
Гледајќи ја статистиката, Матеј не отскокнува, но бирањето најдобар тим не е само статистички гледано. Матеј беше машина на теренот, константно менувајќи страна дево и десно и им нанесуваше главоболки на противничките дефанзивци. Оние кои го гледаа полусезонава ќе сфатат зошто е во тимов.

Лево крило: Мартин Мирчевски (Академија Пандев)
Веројатно најдобриот поединец изминатава полусезна. Мартин летоска како слободен играч дојде од испаднатиот Вардар и веднаш покажа одлична игра во нападот на струмичани. Моментално е водечки стрелец во лигата со 16 голови, а запиша и 4 асистенции.

Напад: Сандеј Адетунџи (Шкупи/Нигерија)
Играчот кој дојде директно од нигериската лига остави впечаток на незапирлив напаѓач кој направи многу проблеми во противничките одбрани. Иако не е на нивото на Дембо дарбо, си ја заврши работата.

Напад: Ремзифаик Селмани (Ренова)
Откако беше релативно тивок минатите две сезони, Селмани се разбуди и беше најдобар играч на Ренова полусезонава. Колку беше ефективен говорат бројките: постигна 11 голови на 10 различни натпревари против 9 различни тимови. Не успеа да им даде гол единствено на Македонија ЃП и на Шкупи.

Клупа:

Голмани:
Давид Денковски (Брегалница)
Давор Талески (Струга)

Одбрана:
Стефан Коцев (Брегалница)
Јан Кривак (Шкендија/Словачка)
Коста Манев (Академија Пандев)
Фернанџињу (Македонија ЃП/Бразил)

Средина:
Жеси Гера (Шкендија/Камерун)
Фостен Сенгор (Шкупи/Сенегал)
Иван Ивановски (Тиквеш)
Мартин Стојанов (Брегалница)

Напад:
Сидрит Гури (Шкендија/Албанија)
Марјан Алтипармаковски (Брегалница)

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе