Измамникот од Tinder тврди: Не сум монструм, само сакав да запознам девојки

Сајмон Левajев, познат и како Шимон Хајут, главниот лик од документарецот „The Tinder Swindler“ на Netflix, во ексклузивно интервју за Inside Edition тврди дека не е измамник, туку бизнисмен кој само сакал да запознае жени на Tinder.

„Јас не сум монструм, јас сум само маж кој сакаше да запознае девојки преку Tinder“, вели Хајут додавајќи дека трите девојки кои се појавуваат во документарецот не биле измамени, ниту биле во опасност.

Во документарецот се наведува дека се претставувал како син и наследник на тајкунот Лев Левajев, кој се збогати тргувајќи со дијаманти. Но, Хајут тврди:

„Не сум негов син, ниту така сум се претставил“.

Тој вели дека не се чувствувал лошо по се што е прикажано во документарецот, бидејќи воопшто не е тоа што го претставуваат,

Што се однесува до неговиот луксузен начин на живот, тој тврди дека е бизнисмен кој се збогатил така што во 2011 година купил биткоин.

„Нема потреба да откријам пред јавноста колку вреди денеска“, објасни Хајут во емисијата, додавајќи дека само сака да си ги исчисти образот и името од лагите.

Во интервјуто му се придружи и неговата девојка, манекенката Кејт Конлин. Таа за обвинувањата на трите девојки од документарецот тврди дека е неверојатно како некој би можел да изведе таква измама.

Вели дека Хајут никогаш не позајмил пари од неа.

„Не сум измамник и не сум лажен. Луѓето не ме познаваат и затоа не ни можат да судат за мене“, вели Хајут на крајот.

Според документарецот, тој ги измамил девојките така што им рекол дека е во опасност и му се потребни пари. И пред овој скандал, Хајут бил обвинет за измами во Израел и одлежал две години во затвор во Финска поради измама на други три девојки. Хајут најави тужба за Netflix и ги демантира настаните од документарецот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе