Ја побара за жена пред публика, но остана шокиран од нејзината реакција
Јавно запросување на бејзбол натпревар во Масачусетс во текот на викендот не мина според очекувањата.
Во текот на натпреварот едно момче клекна пред девојката и извади прстен. Потегот предизвика овации кај публиката од трибините, но не ја израдува изненадената девојка која едноставно си замина.
Момчето со тажен израз на лицето остана да клечи, а за негова несреќа целиот настан е снимен и веќе се споделува на социјалните мрежи.