Јагоди, шлаг и елитен тенис – денеска почнува спектаклот на Вимблдон

Од специјалниот известувач на Макфакс од Вимблдон, Ненад Живановски

Во понеделник во Лондон почнува 136-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а,во отсуство на Шпанецот Рафаел Надал, неговиот сонародик Карлос Алкарас, важи за фаворит од сенка, иако е прв носител на турнирот. И за букмејкерите нема дилема дека Новак е главен фаворит со коефициент 1.7, Алкарас има коефициент 5, а трет фаворит е Италијанеоц Јаник Синер, со високи 23.

Својот напад на осмата вимблдонска титула и 24-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ на воведната прес конференција изјавувајќи дека се уште е гладен за гренд слемови и дека не е уморен од тенисот.

„Историскиот успех е постигнат со 23-та гренд слем титула во Париз, но тоа е веќе зад мене и мислите секогаш се свртени напред, кон Вимблдон. Физички се чувствувам добро, мотивиран сум да одам далеку и сакам да ја искористам секоја прилика да освојам нов гренд слем“ – изјави Ѓоковиќ.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Такво сценарио можное да видиме уште првиот ден, кога се сретнуваат Гркот Стефанос Циципас, кој е пето рангиран и некогашниот трет тенисер, Австриецот Доминик Тим, кој поради повреда е паднат на деведесеттата позиција, но е и тенисер кој во кариерата има освоено и еден Гренд Слем.

За разлика од минатата година, оваа година дозволено е да играат и тенисери од Русија и Белорусија, но условени се да се дистанцираат од политиката на Русија кон Украина.

Во женска конкуренција, неизвесноста, најверојатно, ќе биде присутна до самото финале, бидејќи нема изразит фаворит. Првопласираната на ВТА листата Ига Швјонтек од Полска, е номинален фаворит, но сè уште во кариерата е во потрага како да ја прилагоди својата игра на тревната подлога. Поради тоа, можно е Елена Рибакина од Казахстан да го повтори минатогодишниот успех или Ирина Сабаленко од Белорусија, која е гладна за победи на Вимблдон, по минатогодишната забрана за настап на турнирот. Во трката за триумф можат да се вмешаат и минатогодишната финалистка Онс Жабур од Тунис, Коко Гоф од САДили сосема некоја друга.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 44,7 милиони фунти (околу 52 милиони евра),што е за 11,2 посто повеќе од 2022., кога тој изнесуваше 40,3 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по 2.350.000 фунти (2,7 милиони евра), додека поразените по 1.175.000 фунти (1,35 милиони евра).

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 500 новинари од над 50 земји, но не и од Русија и Белорусија, на кои не им беше дозволено да ги следат натпреварите на своите претставници.Како и на претходните три вимблдонски турнири, и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет турнирски денови.

Кај мажите затворено – Новак и никој друг, кај жените отворено

Како и минатата година, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон, на првиот ден од почетокот на тенискиот турнир, направи кратка анкета меѓу новинарите за тоа кого очекуваат да биде победник на турнирот во машка и женска конкуренција. Нивните прогнози се потполно идентични кога е машкиот дел од турнирот во прашање, додека во женска конкуренција, како најавуваат, сè ќе биде отворено до последниот ден.

За Нел Меклеман, известувач за Дејли Мирор, нема дилема дека Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит. „Тој има традиција да победува на Вимблдон и не гледам кој може да го спречи во тоа. Би било фантастично ако во финалето се сретне со Карлос Алкарас, но, очекувам дека и во тој меч Алкараз да биде нервозен како што беше на Роланд Гарос. Доколку дојде до такво финале, Ѓоковиќ ќе биде фаворит и во тој меч“. Што се однесува до женскиот дел од турнирот, за него сè е отворено до крај. „Прашање е како Ига Швјонтек ќе игра и меѓу првите три тенисерки сè е неизвесно. Елена Рибакина може повторно да биде победник, иако јас би сакал Коко Гоф да го освои турнирот. Таа е подготвена за голем успех, ќе оди далеку и би било одлично да се види во финалето“.

За репортерката на официјалниот сајт wimbledon.com, Кејт Батерсби, би било возбудливо да се види финале Ѓоковиќ – Алкараз.

„Надвор од нив е незамисливо да се очекува трет фаворит. Ѓоковиќ е доминантен, но можно е тој да не е доволно подготвен или да има проблеми со телото. Сепак, тој е главен. Што се однесува до жените, Швјонтек се чувствува болно. Минатата година беше елиминирана доста рано, бидејќи за неа е незгодно да се движи на трева, додека Рибакина одигра одличен турнир. Сабаленко може да отиде далеку на турнирот, исто како што ќе биде убаво Онс Жабер да се гледа што подолго на турнирот. Кај жените сè е отворено“. Исти очекувања за машкиот турнир има и чилеанецот со македонски корени, Себастијан Варела, од порталот Клеј од Сантијаго де Чиле, за кого единствен фаворит е Ѓоковиќ. Но, тој наведува и две опции во кои Новак нема да успее да ја одбрани титулата. „Прво, доколку Ѓоковиќ се повреди, а второ доколку игра со левата рака. Освен негов триумф, би било големо изненадување доколку го загуби овој трофеј. Алкараз би можел да влезе во финалето, а тоа што му се случи во Париз ќе биде огромна лекција во неговиот понатамошен живот. Исто така, ги гледам и Синер, Корда и Медведев како други фаворити, кои можат да стигнат до завршната фаза“. Кај жените Себастијан со неочекувана, но храбра прогноза: „Замислувам дека Квитова ќе го искористи сето свое искуство во нејзина корист. Таа може да биде фаворит од сенка на турнирот“.

И известувачот на официјалниот АТП сајт, Сем Џакот, не гледа кој може да го сопре Ѓоковиќ на патот кон нов триумф и нови рекорди. „Прашање е кој може да го предизвика. Тејлор Фриц е во добра форма, а Алкарас доаѓа како победник на Квинс. Синер, исто така, може да се најде во финалето. Беретини и Кириос не се сто посто спремни за таков подвиг“. Во женскиот дел Швјонтек сè уште го нема освоено турнирот, а јас би сакал Коко Гоф да ја видам до крај. Сепак, не знам дали некоја тенисерка може да ја победи Рибакина. Исто така, Онс Жабер лани играше во финале и таа може да оди до крај. Кај жените сè е отворено“.

Известувачот на агенцијата Франс Прес, Дејвид Џејмс, најилустративно ја опишува доминацијата на Србинот: „Ѓоковиќ победува 100 проценти! Тој само треба да се појави на теренот и каже: ‘Благодарам многу, се гледаме следната година.’ Нема кој друг, ги нема Надал и Федерер. Циципас, Медведев немаат резултати да го предизвикаат. Алкарас можеби ќе може да го победи Новак во иднина, но не и оваа година. Во евентуалното финале, може да му се повтори она што му се случи на Ролан Гарос, да не го издржи притисокот“. Кај жените тој предвидува дека Швјонтек е фаворит, но и дека Рибакина има големи шанси, исто како и Сабаленко што може да покаже голема игра.

На крај од оваа анкета, разговаравме и со двајца известувачи кои доаѓаат од земјите од каде се и најголемите фаворити за пласман во финалето. Миодраг Димитријевиќ од порталот Нова од Србија и Мануел Санчез, кој известува за агенцијата ЕФЕ од Мадрид.

За Миодраг апсолутен фаворит е Ѓоковиќ, кој повторно го има предизвикот за календарски гренд слем и до финалето нема да има поголеми проблеми. „Во неговиот дел се Хуркач и Синер, но двајцата се далеку од својата најдобра форма. Сепак, секогаш постои можност за изненадување, а тоа, веројатно, ќе биде и клучниот збор за ова издание на Вимблдон. Нема дилема дека секој љубител на тенисот се надева на финале Ѓоковиќ и Алкараз, пред сè да би виделе каков одговор може да понуди Шпанецот после Ролан Гарос“. За него, кај жените Елена Рибакина и Арина Сабаленко веќе се видени во полуфиналето, а ќе биде занимливо да се види дали Швјонтек ќе може да одигра нешто подобро на трева во однос на минатите години и да дојде до завршница на турнирот. „Не би требало да се отпишува ни Онс Жабер, која сака да донесе гренд слем титула на африканскиот континент, а можно е и Викторија Азаренка да има своевидна ‘лабудова песна’“.

За Мануел од Мадрид, Ѓоковиќ е прв фаворит, а Алкарас втор. „Се што постигна Новак оваа година му дава за право да е најкомпетентен. Има веќе два гренд слема освоено годинава. Пред турнирот, Алкарас имаше проблеми со ногата, меѓутоа, имаше доволно време да се опорави и многу работеше на физичката подготовка. Кај жените интересно ќе биде како Рибакина ќе се прилагоди од земјен терен на трева. Сакам да видам и дали Сабаленко ќе го повтори успехот од Австралија Опен. Заедно со Швјонтек, за мене тие се главните фаворити на турнирот“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе