НБА 2021/22

Јокиќ повторно играч на неделата, продолжува борбата за МВП со Ембиид

Центарот на Денвер Нагетс на самиот крај на сезоната освои уште една награда за играч на неделата во Западната конференција.

Во претпоследната недела, во која Денвер се бори за место во плеј-офот, Никола Јокиќ на спектакуларен начин го предводеше својот тим до третата победа во четири натпревари.

Бранителот на МВП титулата имаше просек од 34,8 поени, 17,3 скока и 8,5 асистенции.

Наградата на Истокот сосема заслужено ја доби бекот на Атланта, Треј Јанг. Тој ги предводеше Хокс до сите четири победи, со просек од 30,3 поени, 10,8 асистенции и 3,3 скока.

URL

Јокиќ по втор пат сезонава е избран за најдобар играч на неделата на Западот.

Неговиот главен ривал за МВП титулата, Камерунецот Жоел Ембиид, еднаш ја освои титулата на Истокот, но води Јокиќ по бројот на најдобри играчи во месецот (2-1).

Ноќеска беше слободен ден во НБА бидејќи се играше завршницата во НЦАА колеџ лигата, пред нас е последната натпреварувачка недела, а несомнено е дека и Јокиќ и Ембиид ќе дадат сѐ од себе за да постигнат што е можно подобри бројки и со тоа да ја решат борбата за МВП на лигата.

Јокиќ и Денвер вечер во 3 часот после полноќ го пречекуват Сан Антонио Спарс, додека Ембиид и Филаделфија 76ерс во 1 часот играат на гости кај Индијана Пејсерс.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Кошарка

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

Read more

Неверојатниот Дончиќ се изедначи со легендата Вилт Чембрлејн

Read more
 

Спорт

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Читај повеќе

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе