НБА 2021/22

Јокиќ со денови доминира во НБА: За 3 асистенции промаши трипл-дабл хет-трик

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија во Сакраменто против Кингс со 106:100, а малку недостасуваше српскиот центар за само неколку дена да врзе три трипл-дабл настапи.

Нагетс подобро влегоа во натпреварот, па имаа минимално водство по првата четвртина, а додека заминаа на одмор додадоа гас па првото полувреме заврши со резултат 51:63.

„Кралевите“ се разбудија во третиот период и успеаја да израмнат. Се играше израмнето речиси до самиот крај, но гостите успеаја да ја задржат предноста и да забележат важна победа.

Јокиќ имаше одлична вечер во која постигна 38 поени. Забележа и 18 скока и 7 асистенции. Имаше поддршка од Монти Морис кој уфрли 20 поени. Де'Арон Фокс беше одличен кај Сакраменто со 32 поена и 10 асистенции, а добра партија пружи и Харисон Барнс со 17 поени.

Remote video URL

Денвер моментално е на 5-тото место во Западната конференција со 40 победи и 26 порази, додека Сакраменто е на 13. место со сооднос 24-44.

На Никола Јокиќ му недостасуваа 3 асистенции за нов трипл-дабл, трет во низа, но и без тоа неговата статистика оваа недела е застрашувачка: 116 поени, 45 скока и 31 асистенција, сето тоа проследено со 3 победи на Денвер, што е најважно.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Бостон Селтикс 101:115
Детроит Пистонс - Чикаго Булс 108:114
Мајами Хит - Феникс Санс 90:111
Хјустон Рокитс - Лос Анџелес Лејкерс 139:130
(прод.)
Милвоки Бакс - Атланта Хокс 124:115
Минесота Тимбервулвс - Оклахома Сити Тнадер 132:102
Њу Орлеанс Пеликанс - Орландо Меџик 102:108
Далас Маверикс - Њујорк Никс 77:107
Сан Антонио Спарс - Торонто Репторс 104:119
Сакраменто Кингс - Денвер Нагетс 100:106
Јута Џез - Портланд Треил Блејзерс 123:85
Лос Анџелес Клиперс - Вашингтон Визардс 115:109

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

4 хороскопски знаци се главни фаворити на Уран до 2033 година

Read more

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Read more

Ќотекот се враќа како дисциплинска мерка во училиштата во една од најбогатите земји

Read more

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Read more

Кошарка

Феноменалниот Вемби постигна 39 поени и ги предводеше Спарс до победа против Минесота

Read more

Дали заврши сезоната за Лука Дончиќ?

Read more

НБА експресно реагираше: Парична казна за Џејлен Браун за невкусните коментари

Read more

Лејкерс го запреа Шеј, но не и Оклахома: Тандер поведе во серијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Привилегиран статус: Даде само еден гол и ја доби наградата за гол на сезоната

Читај повеќе

Реал им изрече историска казна на Валверде и Чуамени

Читај повеќе

ФИФА најави шоу на три стадиони: Кејти Пери ќе настапи на отворањето на Мундијалот

Читај повеќе

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменалниот Вемби постигна 39 поени и ги предводеше Спарс до победа против Минесота

Читај повеќе

ПСЖ ги носи сите вработени на финалето на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Петицијата против Мбапе стигна до 47 милиони потписи 

Читај повеќе

Валверде тврди дека немало тепачка во Реал: Се удрив од маса

Читај повеќе

Колку ќе заработат фудбалерите на Арсенал ако ја освојат двојната круна?

Читај повеќе