Јокиќ за еден скок до трипл-дабл, Денвер го декласираше шампионот

Српскиот центар Никола Јокиќ одигра одлично против Милвоки Бакс на гости, во победата на Денвер Нагетс со резултат 136:100.

Нагетс славеа убедливо против шампионот во Висконсин, а на Јокиќ му недостигаше еден скок за трипл-дабл учинок.

На теренот мина само 28 минути и забележа 18 поени, девет скока и 15 асистенции.

Погоди 5/5 за два, 2/4 за три поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања.

Натпреварот го отвори со две промашувања, но ги разигра соиграчите и по првата четвртина имаше дури осум асистенции.

Јокиќ одморен влезе пред крајот на првото полувреме и запиша уште една асистенција, а Денвер имаше +5 на големиот одмор.

Српскиот центар потоа додаде гас во третата четвртина и погоди четири врзани шутеви без промашување, па Денвер отиде на +19 пред последната четвртина.

За Милвоки немаше враќање, Јокиќ можеше да одмори, резервистите си ја завршија работата и на крајот речиси ја удвоија предноста.

Remote video URL

Арон Гордон беше најефикасен кај Денвер со 24 поени, Морис постигна 18, Бартон 15, Форбс 14 и Хајленд 13 поени.

Кај Бакс се истакнаа Јанис Адетокумбо со 29, Холидеј со 14 и Портис и Ален со по 11 поени.

НБА резултати (недела кон понеделник)

Пистонс - Кавс 115: 105

Бакс - Нагетс 100: 136

Тимбервулфс - Џез 126: 106

Меџик - Маверикс 110: 108

Санс - Спарс 115: 110.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе