Jutarnji list: Во силниот земјотрес загина дете во Петриња

Дете загина во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска, пренесе Jutarnji list. Весникот наведува дека мајката, чие дете загина во Петриња откако, најверојатно, врз него паднала греда, е во шок и во моментов ѝ се укажува медицинска помош.

Првите извештаи покажуваат дека има повредени и дека материјалната штета е голема.

Првите слики од Петриња се драматични, има голем број урнатини по денешниот земјотрес.

Во центарот на Петриња, кој денеска го погоди силен земјотрес, се урнаа речиси сите куќи, пренесува Jutarnji list.

Во својата прва изјава по уште еден силен земјотрес со јачина од околу 6,3 степени, што го погоди Петриња околу 12:20 часот, градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.

Во најтешко погодениот град пристигнуваат и 300 припадници на Хрватската војска. Локалните власти бараат граѓаните да ги користат своите лични возила само во итни случаи.

„Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се спасени од другата градинка“.

Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

Премиерот Андреј Пленковиќ најави дека веднаш заминува во Петриња, кое е најсилно погодено.

Земјотресот, бил со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала со епицентар во близина на Петриња, 45 км југозападно од Загреб.

Жителите на Загреб исплашени и вознемирени излегоа од своите домови на улица. Во голем дел од градот нема струја.

Подоцна беа регистирани уште два големи потреси од околу четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе