Јуве, Ливерпул и Манчестер во трка за исландски вундеркинд

Премиер лигашите Ливерпул и Манчестер Јунајтед и калчолигашот Јувентус се во трка за 17-годишниот Исланѓанец за кого се зборува дека е наредната фудбалска ѕвезда.

Исак Бергман Јоханнесон е исландски фудбалер од офанзивата кој настапува во шведската лига за тимот на Норшепињ. Има само 17 години и веќе за него во битка се големи клубови како Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Јувентус. Медиумите од Островот и од Чизмата потврдија за интересот на трите клубови.

Јоханнесон е роден во Англија кога неговиот татко Џои Гудјонсон настапуваше за Астон Вила, потоа играше и за Вулверхемптон и Лестер. Сепак, кариерата ја почна на Исланд во тимот на Акранес од каде во 2019 премина во Шведска. Игра со левата нога, висок е 180 сантиметри, а природна позиција му е десно офанзивно крило.

Сезонава во Алсвенскан лигата има одиграно 23 натпревари на кои постигна 3 голови и 8 пати асистираше. Според Transfermarkt, неговата моментална вредност е само милион евра, но сигурно Норшепињ нема да се откаже од својот бисер без добра оштета.

Има играно за сите младински репрезентации на Исланд, а моментално настапува за онаа за играчи до 21 година. За сениорската репрезеатција нема дебитирано, но веројатно и тоа брзо ќе се случи.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе