Јувентус го откри дресот за новата сезона

Домашниот дрес на Јуве за наредната 2022/23 сезона ѝ беше претставен на јавноста, а првите впечатоци се позитивни.

На прв поглед не е јасна инспирацијата зад дизајнот, бидејќи прилично е различен од стандардниот дизајн на Јуве кој е попроста верзија на клупските бои.

Опишани од производителот Adidas како „продолжување на наследството на постојано реинвентирање“, назабените монохроматски ленти се формираат од серија триаголници, засновани на „пет триаголници што сочинуваат ѕвезда“ и се толкуваат како „магичен симбол... за да ја претставуваат магијата на стадионот 'Алијанц'“.

Remote video URL

„Јувентус е клуб познат по својата традиција, но и по тоа што е смел и прогресивен. Со овој дрес сакавме да ѝ оддадеме почит на гордата историја на клубот и воедно да внесеме нов и уникатен елемент кој ги обединува клупската заедницата со суптилната референца на неговиот дом“, објасни главниот дизајнер на Adidas, Марко Омиколи.

„Дресот ги користи исконските бои на Јувентус, црната и белата“, се додава во соопштението на клубот, „со инкорпорирање на привлечни и иновативни графики, кои го земаат својот триаголен облик од истата геометриска фигура која е составен дел од архитектонската структура на стадионот“.

Јуве игра на „Алианц“ стадионот од 2011 година, а со новиот дрес ќе дебитира токму на тоа место во понеделник кога Лацио ќе гостува во Торино од 20:45 часот. Дресот како реплика е веќе достапен за нарачка, додека продажбата на оригиналната верзија ќе започне на 8 јули.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе