ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Јувентус го потврди трансферот на Влаховиќ од Фиорентина

Клубот од Торино го официјализираше трансферот за кој веќе некое време се зборуваше на Чизмата.

Душан Влаховиќ и официјално е нов играч на „Старата дама“ откако клубот го потврди неговото доаѓање. Јувентус на Фиорентина ќе ѝ плати 80 милиони евра за неговите услуги, од кои 70 милиони веднаш, додека останатите 10 кога играчот ќе постигне одредени бројки врзни за неговите настапи и голови.

URL

22-годишниот српски голгетер е во неверојатна форма сезонава постигнувајќи 17 голови на 21 натпревар во Серија А во дресот на „Виолетовите“ од Фиренца. Неговите настапи го привлекоа вниманието на многу клубови ширум Стариот континент, а иако некои понуди беа и побогати од оваа на Јуве, самиот играч беше одлучен да оди во Торино, што ги разгневи навивачите на Фиорентина.

URL

Во Јуве Влаховиќ ќе заработува 7 милиони евра по сезона, а договорот му е до јуни 2026 година. Неговиот агент ќе инкасира 11 милиони евра за направениот трансфер.

Се очекува да дебитира веднаш по репрезентативната пауза, односно на 6 февруари против Верона.

Неговото пристигнување во Торино ја отвора вратата за заминување на Алваро Мората, кој шпекулациите го поврзуваат со трансфер во Барселона, Њукасл и Тотенхем.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе