СЕРИЈА А 2020/21

Јувентус се погрижи за првиот пораз на Милан

Нема повеќе непоразени екипи во Калчото откако синоќа во дербито во Милано актуелниот шампион Јувентус со 3:1 славеше над Милан.

Дека гостите од Торино се дојдени по три бода на „Џузепе Меаца“ најави Федерико Кјеза уште во 18. минута кога по итра асистенција со пета на Пауло Дибала го отвори резултатот.

„Росонерите“ успеаја да израмнат на четири минути пред паузата кога Рафаел Леау го пронајде Давиде Калабрија кој со одличен удар ја смести топката во мрежата на Војчех Шченсни.

Јувентус повторно дојде во водство и тоа повторно со гол на Кјеза и тоа одличен удар, овој пат во 62. минута, а потоа во 76-тата американскиот фудбалер Винстон МекКени ги постави конечните 1:3 по асистенција на Дејан Кулушевски.

Мора да се напомене дека Милан играше без Златан Ибрахимовиќ кој сепак не се операви од повредата на време.

Remote video URL

Ова е прв пораз за Милан по 16 кола во Серија А, но и победа за Јуве со која се враќа во игра за Скудетото иако разликата помеѓу двата е навидум високи 7 бода, но Јувентус има и натпревар помалку.

Со поразот на Милан и Рома се вклучи во борбата бидејќи дојде на -4, додека шанса да го зграпчи врвот пропушти Интер кој синоќа загуби на гости кај Сампдорија.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе