Јужноамериканците одбиваат да играат на Светско првенство на секои две години

Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) излезе со соопштение против идејата Мундијалите да се одржуваат на секои две години.

„Нема причина, предност или оправдување за промените предложени од ФИФА“, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на КОНМЕБОЛ.

Во таа насока, десетте земји-членки на КОНМЕБОЛ потврдуваат дека нема да учествуваат на Мундијалите кое би се организирале на секои две години.

„Алчноста на ФИФА може да го подели фудбалскиот свет. Предметниот проект ѝ го сврте грбот на речиси 100-годишната традиција на светскиот фудбал, игнорирајќи ја историјата на еден од најважните спортски настани на планетата. КОНМЕБОЛ го поддржува тековното Светско првенство, со своите системи за тајминг и квалификации, бидејќи се покажа како успешен модел заснован на атлетска извонредност, талент и планирана работа“, е ставот на КОНМЕБОЛ.

URL

Организацијата е составена од федерациите на Аргентина, Бразил, Боливија, Венецуела, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле.

Претходно, ФИФА ги извести репрезентациите за плановите за одржување на Светско првенство на секои две години, почнувајќи од 2026 година. На овој план се противи и УЕФА, а го поддржуваат конфедерациите на Азија, Африка, Океанија и Северна Америка, односно зоните кои имаат помалку учеснички на Мундијалите.

Од 1930 година Мундијалите се одржуваат на секои четири години, со исклучок на 1942 и 1946 година кога не се одржаа поради Втората светска војна. Претстојните собири ќе се одржат во Катар (зимата 2022), како и во Канада, Мексико и САД (летото 2026).

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе