Кадиров одби мобилизација во Чеченија: Веќе дадовме доволно војници

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој се смета за близок сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.

Тој во гостување во телевизиско шоу рече дека Чеченија „веќе го надминала планот за 254%“.

– Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254%. Таквите показатели беа постигнати порано со формирањето на нови единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сите кандидати за служба поминале низ Воениот комесаријат. Овој механизам го разработивме од самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација, рече Кадиров.

Тој рече дека во Украина досега војувале 20.000 Чеченци и оти Чеченија ги исполнила сите планови и повеќе од тоа што планирала.

– Покрај тоа, Чеченија има резерва од илјадници доброволци кои, доколку е потребно, ќе можат да се вклучат во редовите на бранителите на татковината, рече тој.

Пред два дена во Грозни, главниот град на Чеченија, се одржа мал протест против мобилизацијата. Кадиров им се закани на сите што ќе протестираат. Но, тој додаде дека чеченските мајки и сопруги можат да останат мирни затоа што нема да има мобилизација на членовите на нивните семејства.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе