Кајгана fun with flags: Епизода 2 - одлагање стари знамиња

Филип Здравески
/ 08.11.2022 / 14:15

Во државите ширум светот постојат различни правила за тоа како треба да се ослободите од знамето кое повеќе не е за употреба.

Како и сѐ останато, така и знамињата имаат свој животен век. Материјалот од кој се направени може да се искине, да избледи бојата, па знамињата стануваат неупотребливи. Колку и да се оштетени, нив не може едноставно да ги фрлите в ѓубре.

Во оваа епизода ќе погледнеме како четири држави имаат свои правила за одлагање на неупотребливо знаме.

САД

САД е една од многуте земји кои имаат усвоено посебен протокол кој налага дека знамето од кое сакате да се ослободите треба да го запалите, и тоа во церемонија.

Нов Зеланд

Во оваа островска земја постои сличен протокол како и во САД, но со таа разлика што не треба да го палите во јавна церемонија, туку новозеландското знаме се пали исклучиво во инсинератор. Инсинератор е машина за горење на отпад, особено индустриски, и тоа на висока температура што фрлениот материјал го претвора во пепел.

Канада

Канадскиот закон ви дозволува препознатливото знаме со јаворов лист да го исечете на парчиња и тоа секоја боја во едно парче, кои потоа можете да ги користите за разни намени. На овој начин знамето едноставно ќе стане различни парчиња ткаенина.

Австралија

Во Австралија правилниот протокол на одлагање на државното знаме е да го исечете на ситни парченца и тоа до непрепознатливост. Потоа парчињата се собираат во затворена кутија која на крајот се фрла в ѓубре.

реклама

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе