Во овие карантински денови ви препорачуваме да ја гледате мистеријата „Blindspot“.
Непозната девојка покриена со тетоважи по целото тело е пронајдена на Тајмс Сквер во Њујорк. Неа случајно ја забележува полицаец кој ја наоѓа торбата со натпис „повикај ФБИ“.
Девојката не знае како се нашла таму и поради тоа го привлекува вниманието на ФБИ кои се обидуваат да дознаат нешто повеќе за нејзиниот идентитет. Ја нема во базата на податоци и никој не знае која е таа.
За кратко време, детективите ќе откријат дека секоја тетоважа на нејзиното тело е различна мапа која е трага за откривање на криминално дело.
На нејзиното тело е истетовирано името на едниот од агентите(Курт Велер), а дознаваат дека тетоважите биле ставени неодамна. „Некој си поигрува со нас, а ова е само почетокот“, вели детективот Велер.
Од време на време, таа ќе има „флеш-бекови“ од минатото, но нема да ѝ откријат ништо повеќе за нејзиниот живот.
Во главните улоги се Саливан Стејптон, Џејми Александер, Роб Браун. Првата сезона излезе на 21 септември 2015 година, а неодамна излезе 5-тата сезона.