Како анонимно да се гледа Instagram Story?

Сигурно некогаш сте посакале некому да му ѕирнете во сторито на Instagram, но притоа не сакајќи таа личност да знае дека тоа сте го направиле. Постои решение и за тоа.

Има многу причини зошто некој би сакал анонимно да гледа нечија објава на Instagram Story, а ако сте меѓу таквите, ние сме тука да ви помогнеме да го направите тоа безбедно и без страв дека нешто ќе тргне наопаку, откривајќи го вашиот идентитет во тој процес.

Како што знаете, Instagram секогаш ги известува своите корисници кој ја прегледал нивната објавена приказна, но секогаш постои начин да се заобиколи нешто, а моментално се достапни некои трикови и за оваа активност.

Овде нема да се занимаваме со инсталирање на апликации кои тврдат дека ја нудат таа функционалност. Иако всушност може да ви помогнат во вашата намера, често има скриена цена што треба да ја платите, а таа цена обично е повреда на вашата приватност и, неретко, продажба на вашите податоци. Наместо тоа, ќе ви дадеме докажани начини да го направите тоа целосно безбедно.

Најсигурен начин - Inflact

Според многумина, најбезбедниот начин за анонимно прегледување на објавите на Instagram Story е да ја користите услугата Inflact. Има многу сајтови кои тврдат дека ја нудат оваа можност, но Inflatt се покажал како најбрзо и најсигурно решение при тестирањата.

Откако ќе ја посетите страницата, треба да отидете во Tools > Profiles > Stories Viewer, а потоа да го внесете точното име на профилот во полето за пребарување, со префиксот @ (на пример: @kajgana.com). После тоа, Infract ќе ви ја покаже бараната објава на Story (или повеќе објави), а вие ќе останете анонимни. Ќе ви биде понудено дури и да ја преземете сликата на вашиот уред.

Нема потреба да се логирате, едноставно си работи. Исто така можете и да гледате нечиј профил ако наместо Stories Viewer одберете Viewer for Instagram.

Имајте на ум дека сепак не можете да ги гледате објавите на Story, како и објавите на профилот, ако лице во прашање го заклучило својот профил.

Проверено, но ризично - исклучување интернет

Бидејќи Instagram автоматски вчитува одреден број објави на Story и без да ги отворите, за анонимно да гледате нечија приказна треба да ја оневозможите вашата интернет конекција додека сте во апликацијата Instagram со лизгање од врвот на телефонот и вклучување на Airplane Mode режимот.

Овој трик е докажано дека функционира, но бидејќи апликацијата сè уште памети дека сте гледале нечие стори - што ќе забележите ако насилно ја затворите апликацијата, вклучите интернет и ја рестартирате - не сме убедени дека во одреден момент Instagram нема да воведе промени што последователно ќе го информира лицето дека сте биле меѓу оние што го гледале сторито, па затоа сметаме дека овој начин е премногу ризичен.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе