Како би изгледал светот доколку океаните се покачат или намалат 1.000 метри?

Еден километар плус или минус многу би го променил изгледот на нашата планета. Би добиле повеќе копно во едното сценарио, а планета со многу малку копно во другото.

Сегашната слика на Земјата на сите ни е позната. Глобалниот океан зафаќа 361.132.000 км² или дури 70,8% од земјината површина со волумен од околу 1.332.000.000 кубни километри, а најголемата длабочина е 10.911 метри. Земјата ја сочинуваат 5 океани и тоа Северен Леден, Атлантски, Индиски, Тихи и Јужен Океан.

Доколку нивото на океаните би се зголемило за 1 километар, што во модерното доба и малку по малку се случува поради глобалното затоплување и топењето на мразот, копното драстично би се намалило.

Над водата би останале само големите планински масиви. Најмногу би настрадала Австралија од која би останале само неколку островчиња. Многу површина ќе изгубат и Европа, Јужна и Северна Америка. Некои држави целосно би исчезнале под површината.

Доколку, пак, нивото на океаните би се намалило за 1 километар, континентите би се зголемиле површински, но не премногу. Островите Ирска и Велика Британија би станале дел од Европа, Италија ќе се спои со Тунис, а огромна површина би добиле Норвешка, Канада, Русија и САД. Последните две и би се споиле копнело преку Камчатка и Алјаска.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе