Како Британците ѝ помогнаа на „Буба“ да преживее пред 75 години

Volkswagen одбележува 75 години од почетокот на сериското производство на легендарниот модел.

VW „Буба“ првично беше создаден како предвоен нацистички проект кој требаше да овозможи моторизација на широките народни маси, но Втората светска војна ги смени приоритетите на автомобилската индустрија.

По капитулацијата на Германија, британските окупациски власти го презедоа управувањето со Volkswagenwerk GmbH.

Фабриката беше сериозно оштетена за време на војната, но беше спасена од целосна пропаст од страна на британската армија, која нарача 20.000 возила. Така се роди Volkswagen Typ 1, многу попознат како Beetle - „Буба“.

Сериското производство на ова возило започна пред 75 години, на 27 декември 1945 година. До крајот на таа година беа направени 55 автомобили, а следната 1946 година, VW го зголеми производството на околу 1.000 возила месечно.

Volkswagen формираше продажна и услужна мрежа во 1947 година, а откако беше исполнета квотата нарачана од британските окупациски сили во Германија, започна извозот на возилата „Буба“.

Во 1949 година, Хајнц Нордхоф, поранешен менаџер на Opel, ја презеде функцијата директор на фабриката, благодарение на што производствените капацитети беа значително зголемени во следната деценија. Веќе во 1955 година, само десет години по почетокот на производството, од фабриката излезе милионитиот автомобил „Буба“.

Останатото е историја. „Буба“ стана најпродаваниот автомобил во светот и ја носеше таа титула долго време, сè додека не ја престигна Toyota Corolla.

Производството се прошири со тек на време и во други земји и континенти, а последниот примерок на моделот „Буба“ е направен во 2003 година во Мексико.

До тогаш беа произведени вкупно 21.529.464 возила, од кои 15,8 милиони во Германија.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Авто новости

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Read more

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Read more

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Read more

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе