Како да препознаете дали имате настинка, грип или COVID-19?

Ако ве боли грлото, имате растечен нос и ве болат мускулите, тоа може да бидат симптоми на обична настинка, но и на грип или COVID-19. Сите овие болести делат некои заеднички симптоми, па понекогаш е тешко да ги разграничите.

Со ширењето на омикрон варијантата, во светот е забележан пораст на бројот на случаи на заразени со коронавирусот SARS-CoV-2, но нивото на хоспитализација е релативно ниска.

„Ако сте се вакцинирале и заразиле со омикрон, голема е веројатноста дека ќе имате поблаги симптоми“, вели епидемиологот Абдул ал-Сајед, поранешен извршен директор на Одделението за здравство во Детроит. „Тоа, меѓутоа, не значи дека инфекциите не треба сериозно да ги сфаќаме, посебно поради можниот притисок на здравствениот систем. Тоа што е ризикот од појава на потешки симптоми понизок за некои поединци, не значи дека омикрон не претставува проблем на општествено ниво“, смета епидемиологот.

Како да знаете дали е настинка, грип или ковид?

Заразата со ковид може да личи како настинка или грип. Најдобриот начин да препознаете што се случува е да се тестирате. Почетните симптоми на настинка, грип и COVID-19 обично се слични. И ковид и грип често за симптом имаат зголемена температура, умор, болки во телото, главоболка, отежнато дишење и повраќање или дијареја.

Но, инфекцијата со ковид може да се разликува по главоболката и сувата кашлица кои често одат со неа. Исто така се јавува губење на осетот за вкус и мирис, иако тој симптом е помалку изразен со новата варијанта.

„Оние кои имаат сериозни болки во градниот кош, особено ако со тоа оди  и сува кашлица, задолжително треба да побараат докторска помош“, вели ал-Сајдед.

Најважниот фактор што треба да го земете во обѕир е изложеноста на вирусот.

„Ако почнете да чувствувате кој било од овие симптоми, треба да размислите дали сте дошле во контакт со некој кој се заразил со ковид. Исто така треба да се изолирате и тестирате“, советува тој.

Што ако вашето дете има растечен нос?

Докторката Сара Еш Комбс од Детската национална болница во САД објаснува колку е тешко да препознаете кај децата дали има ковид или е настинато.

„Кога родителите ќе дојдат на итен прием со дете кое има растечен нос и воспалено грло, јас им кажувам дека без тестирање со сигурност не може да знаете за што станува збор“, вели Комбс.

Децата заболуваат од омикрон на истиот начин како и возрасните. Со оглед на тоа дека симптомите често се поблаги, заразата со омикрон може да личи на настинка. Би било добро децата да ги вакцинираме против грип, чисто да ја намалиме веројатноста од инфекција со вирусот“, советува таа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе