Како да препознаете овошје и зеленчук полни со хемикалии?

Со многу едноставен тест може да препознаете дали овошјето и зеленчукот што сте ги купиле се полни со хемикалии или се здрави за консумација.

За да се зачува овошјето и зеленчукот во текот на зимата, особено јаболката, често се третираат со разни хемикалии кои можат да бидат опасни по здравјето. И дали е безбедно да се јадат вакви плодови заедно со кората?

Пролетта официјално започна и понудата на пазарите и во маркетите вклучува овошје и зеленчук кои биле чувани цела зима. За да издржат што подолго јаболката се третираат со восок, глицерин, парафин, калциум хлорид, а најопасна од сите овие материи е дефинилот. Бидејќи, всушност, ова е производ произведен со рафинирање на нафта, тој има тенденција да биде канцероген.

За тоа како да се заштитите од труење од јаболката и другите плодови кои се прскани, имаат зборувано многу експерти, а првиот чекор е да се мијат во топла вода, во која може да додадете дури и сода бикарбона.

Кои видови се најбезбедни?

Доколку на пазарот купувате „домашни“ производи од докажани продавачи и за кои знаете дека не користат никакви хемикалии, можете едноставно да ја измиете кората од нечистотија и насобраната прашина. Ако ги купувате во продавница, кога навистина не знаете дали се третирани со хемикалии, се препорачува во секој случај да ја излупите кората.

Последиците од консумирање на храна која е полна со хемикалии може да бидат многу опасни и да доведат до тешко труење. Сепак, постои и друга страна на овој проблем. Ако го излупиме јаболкото, тогаш всушност го фрламе главниот извор на витамини А и Ц, калциум, фосфор и железо, како и корисни антиоксиданси.

Постојат неколку трикови за да одредите колку е токсичен зеленчукот или овошјето. На пример, кога ќе исечете јаболко, ако видите дека брзо потемнува, можете безбедно да го јадете заедно со кората. Карцитинот во комбинација со витаминот Ц ги спречува слободните радикали да го оштетат телото.

Корисна кора и друго овошје и зеленчук

Витамините Ц и П и големо количество пектин се складираат во кората на лимонот. Но, оваа храна може да се третира и со хемикалии за да ѝ се продолжи рокот на траење, па затоа треба многу темелно да се измијат пред да им ја отстраните кората. Ќе ви помогнат топла вода, сода бикарбона и детергент.

Како да знаете дали се прскани краставицата и доматите?

За да одредите дали зеленчукот има пестициди, исечете ги краставицата и доматот за да погледнете каква е внатрешноста. Обично краставиците и доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, а во центарот има жолт дел.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе