Како да проверите дали некој ја „хакнал“ вашата лозинка?

Дури и ако не се сомневате дека вашите онлајн профили се компромитирани, користете ја алатката од овој текст и проверете дали вашите податоци се меѓу 11-те милијарди компромитирани профили.

Нашите лозинки не се 100% безбедни и секогаш постои ризик од нивно „протекување“ преку директни напади на вашите профили или онлајн сервиси кои складираат кориснички податоци. Поради ова, корисниците се охрабруваат да ги искористат предностите на менаџерот за лозинки и да користат автентикација во два чекора.

Со оглед на тоа дека безбедносни прекршувања се случуваат одвреме-навреме и дека злонамерни субјекти продаваат на dark web компромитирани информации за најавување, не штети да се провери дали некоја од вашите лозинки е украдена.

Have I Been Pwned е сигурен сајт лансиран во 2013 година од Трој Хант, регионален директор на Microsoft. Популарен е во светот на сајбер безбедноста за откривање упади, кражба на податоци и едукација на технолошки професионалци, а со детали за речиси 11 милијарди компромитиранипрофили, неговата алатка е најпопуларниот начин да откриете дали вашата лозинка е сè уште безбедна.

Користењето е многу едноставно и потполно бесплатно. Посетете ја официјалната страница Have I Been Pwned на вашиот омилен прелистувач и внесете ја вашата адреса за е-пошта или телефонски број (со регионален код). Во рок од неколку секунди, ќе ги дознаете деталите за сите прекршувања на приватноста каде што вашите податоци се компромитирани.

Оваа страница има и неколку други одлични алатки за проверка на безбедноста. На пример, „Pwned Passwords“ им овозможува на корисниците да ја внесат само својата лозинка и да проверат колку пати е украдена.

Генерално, самата алатка е безбедна за употреба. Дури и за компромитирани профили, соодветните лозинки не се складираат во базата на податоци, што го намалува ризикот од понатамошно компромитирање.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Интернет

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе