Како да се ублажат симптомите на алергија на полен?

Сезоната на алергии на полен трае од февруари до ноември, а многумина најтешките симптоми ги имаат во доцна пролет и лето.

Изминативе децении научниците и лекарите интензивно ги истражуваа начините на кои функционира нашиот имунолошки систем. Меѓутоа, иако е забележан голем напредок во оваа област, за поголемиот дел автоимуни болести и алергии и натаму нема ефикасни лекови. Нормално, работата е да се најде лек што ќе ги спречи, а не што само ќе ги држи под контрола. Поради тоа научниците истакнуваат дека потребни се бројни дополнителни истражувања.

Од друга страна, сѐ поголем број на луѓе се жалат на кивање, затнат нос, кашлање, отечени и црвени очи за време на сезоната на алергии на полен. Науката потврдува и дека симптомите и бројот на луѓе што се борат со нив секоја година е сѐ поголем и поголем. Како главни виновници се издвоени модерниот начин на живот, прекумерната употреба на антибиотици и климатската криза.

Значи, ако последните неколку години чувствувате како ситуацијата со алергиите ви се влошува - многу веројатно дека не ви се причинува.

Да се разбере имунолошкиот систем

За ефикасно лекување или спречување на алергија, лекарите треба да знаат како нашиот имунолошки систем реагира на надворешните фактори. Сè уште не успеале да разберат како една клетка од имунолошкиот систем донесува одлука да реагира на пример на зрно полен и активира алергиска реакција, а од друга страна воопшто не реагира на некој друг надворешен фактор.

Со напредокот на медицината и технологијата, како и зголемениот број пациенти на кои им е потребен третман - ситуацијата се менува. Досега, научниците успеаја да го искористат стекнатото знаење за да ни овозможат да ги контролираме симптомите предизвикани од алергиите. Исто така, знаеме дека живеењето во близина на главните патишта во детството води до развој на респираторни алергии и астма подоцна во животот. А потоа, тука е „хигиенската хипотеза“, која се покажа дека е делумно точна - иако сè уште не знаеме кои микроби се најдобри за нас и како ни помагаат.

Совети за ублажување на симптомите

Додека научниците не ги склопат сите коцки и не сфатат сѐ што е наведено - а на основа на тоа не развијат лек што ќе спречува развој на алергии, ова се некои од советите како да се однесувате за време на сезоната на алергии на полен:

– редовно чистете го простот каде што престојувате, во продавниците има правосмукалки со HEPA филтри што го отстрануваат поленот, влакната и ситната прашина;

– филтрите во клима уредите се исто така важни, доколку патите од тежок облик на алергиски ринитрис набавете си HEPA филтер;

– одржувајте иделна влажност на воздухот, за да ги намалите шансите да се создава мувла;

– доколку имате можност, за време на сезоната на цветање на одредени билки на кои сте алергични, отстранете ги теписите и завесите во домот, а постелнината редовно менувајте ја бидејќи поленот се задржува и на траенината;

– облеката, постелнината и алишта не ги сушете надвор;

– по прошетките домашните миленици обавезно измијте ги и исчешлајте ги за да го отстраните поленот кој лесно се таложи на нив;

– избегнувајте прошетки и проветрување простории во раните утрински часови, оти тогаш концентрацијата на поленот во воздухот е најголема;

– проверувајте ја концентрацијата на полен надвор, а во случај да е висока и доколку постои можност, избегнувајте да излегувате;

– доколку сепак морате да излезете, избегнувајте површини со искосена трева;

– обавезно носете наочари, бидејќи на тој начин значително помала количина на полен ќе стигне до вашите очи;

– ако имате долга коса, врзете ја во репче, така помалку полен ќе влезе во неа;

– размислете за носење на заштитна маска, бидејќи маските не штитат само од вируси, туку се ефикасни и за полен;

– по влегувањето дома обавезно пресоблечете се и по можност исперете ја облеката што сте ја носеле надвор;

– направете тестирање за да видите на кои полени сте алергични, бидејќи постојат илајдници различни, а исто така не е лошо и да се проверите за други работи како на пр. куќна прашина, мувла, животни итн.

Доколку вашиот живот губи на квалитет поради алергиите на полен, обратете се кај вашиот лекар за да ви даде упат за на пулмологија, каде стручно лице ќе ви препорача терапија што ќе ви помогне и ќе ви ги ублажи симптомите.

Сѐ повеќе алергични на полен

Според некои проценки, бројот на луѓе во Европа што страдаат од алергии на полен е 40%. Додека експертите проценуваат дека 4 милијарди луѓе ширум светот, што е 50% од вкупното население, во следната деценија ќе развијат алергиска состојба.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе