Како изгледа Lada Niva со 300 „коњи“?

Lada Niva, и покрај својата старост, сè уште е привлечна за многумина, особено ако им падне в раце на тјунерите.

Нема сомнеж дека Niva како едно од најдобрите теренски возила е одлична основа за тјунинг. Евтината база нуди бројни опции за надградба, а понекогаш има некој кој е подготвен да инвестира многу пари во малиот руски теренец.

Гркот Вагелис Куманис е еден од оние кои не познаваат граници, и не обрнуваат многу внимание на оригиналните карактеристики на оригиналниот модел.

Niva треба да биде едноставно работно возило кое на терен ги покажува своите квалитети, а сопственикот издвојува најмала можна сума на пари за секоја поправка.

Во случајот со Куманис таква теза не важи. Niva сега е „дотерана“ така што минувачите се вртат каде и да се појави.

Воопшто не е чудно, бидејќи покрај атрактивната црна боја, добива огромни бандажи од 22 инчи. Но, тоа е само почеток на целосно реставрираниот модел од 2004 година, кој помина само 4.600 километри во вториот животен век.

Оваа Niva доби голем број тркачки компоненти, некои со потпис на компанијата Porsche, а димензиите на гумата стојат покрај гигантските играчи како што е Lamborghini Urus.

Надворешната естетика вклучува нови браници и светла и прагови на вратите. Забележливо е и спуштањето на Niva, што во комбинација со гумите 245/30 доаѓа како гаранција за одлично држење на патот.

Како основа на погонскиот систем се користеше постоечкиот мотор, кој е значително подобрен. Сега тоа е 1,8-литарски турбо кој работи на три типа гориво. На гас произведува 177 КС, на бензин 213 КС, а на метанол дури 300 КС.

Сега додадете на сето тоа петстепен мануелен менувач и погон на четири тркала. Фантазија!

Нов шок во кабината. Скоро сè е променето, и на подобро.

Има модерна опрема, дури и црвена кожа на седиштата, а акцентот е моќниот аудио систем.

И конечно цената. Автомобилот чини од 34.700 евра, што го прави една од најскапите Lada Niva примероци достапни за продажба.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе