Како изгледа тестирањето за COVID-19 на грчката граница со Бугарија?
Туристи од цела Европа вчера ја преплавија грчко-бугарската граница кај преминот Промахонас каде редици возила чекаа додека на границата се правеа тестирања за COVID-19.
Околу 70% од пристигнатите биле тестирани со „паметен алгоритам“, соопшти Националната служба за јавно здравје на Грција.
Целта е да се примат што е можно повеќе туристи, но и да се осигура нивната и безбедноста на локалното население.