Како изгледал етничкиот состав на Битола во 1905 година?

Битола во 1905 споредена во Битола во 2021 година (кога беше последниот попис).

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

На почетокот од минатиот век Битола била град со околу 42.500 жители. Тоа било период кога, како и цела Македонија, била во состав на Отоманското Царство. Воедно, две години по задушувањето на Илинденското востание, кое дало многу борци од Битола и Битолско.

Според Macedonian maps на македонскиот мапер Никола, кој детално ги проучува историските официјални статистики од разни извори, во 1905 година во Битола живееле 35,84% Македонци и биле најголема етничка група во Градот на конзулите.

Втора најголема застапеност биле Турците со 24,67%, а трета Власите со 16,93%.

Значителна бројка имале и Евреите со 12,92% и Ромите со 4,7%, додека сите останати ги имало вкупно 4,94%.

Споредено со денес, односно последниот попис од 2021 година, кој сепак е нецелосен поради бојкотот, во Битола живеат речиси 70 илјади жители од кои 80,8% (55.995 лица) се Македонци. Голема разлика во однос на 1905 година е иселувањето на турското население, кое сега претставува само 1,6%. Во 1905 година во Битола живееле околу 10.500 Турци, а во 2021 попишани биле само 1.115.

Втора најголема етнуичка група во 2021 година во Битола се Ромите со 4,1% (2.862 лица). Власите се 1,4% (1.003 лица), а поради депортацијата на Евреите во Втората светска војна од страна на здружените окупаторски сили на германските нацисти и бугарски фашисти, во Битола денес Евреите се многу мала бројка.

Под групата останати етнички заедници денес спаѓаат 1,7%.

Треба да се напомене дека 6,9% од граѓаните во Битола го бојкотираа пописот во 2021 година и за тие 4.774 лица нема податоци за нивната етничка припадност, а најголемиот дел од нив се претпоставува дека се Македонци.

реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе