Renault Captur ќе го следи помалиот модел Clio и исто така ќе биде редизајниран, бидејќи брендот сака да го зголеми својот удел на пазарот на компактните теренци.
„Не го забораваме Captur. Вложуваме многу време и пари во Б-сегментот“, изјави Бруно Ванел од Renault за Autocar.
Неодамна објавените патентни слики ни кажуваат дека Captur ќе добие сличен преден дел како другите неодамнешни модели (или оние кои веќе го преживеале „реновирањето“), со нова ознака и LED светла во облик на стрелка.
Дополнително, ќе има повеќе промени како однадвор, така и одвнатре, бидејќи ќе добие нов и поголем екран на допир кој ќе работи на новата OpenR платформа.
Механички, сепак, слично како ажурираниот Clio, нема многу да се промени. Се смета дека конкурентните цени се најсилната предност на новиот Captur, а Ванел рече дека брендот ќе се фокусира на овозможување на клиентите да плаќаат на месечни рати што е можно поефикасно.