Како младите фудбалери загубија од Шпанија
Македонската репрезентација до 21 година синоќа имаше тешко гостување кај фаворитот Шпанија и загуби со 3:0.
Шпанските надежи во ниту еден момент не дозволија избраниците на селекторот Благоја Милевски да се понадеваат на позитивен резултат и уште по 7 минути игра го скршија македонскиот отпор преку Ману Гарсија.
Веднаш по почетокот на вториот дел нашиот капитен Агрон Руфати си постигна автогол, а потоа Адрија Педроса во 87-мата минута го постави конечниот резултат.
Наредниот натпревар на македонија У21 е во вторник кај аутсајдерот Фарски Острови.