Како Москва се подготвува за воената парада среде пандемија?
Москва интензивно се подготвува за одржување на воената парада за Денот на победата што беше презакажана за 24 јуни.
Русија традиционално ја одржува парадата на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, но настанот беше одложен поради високиот број на заболени од коронавирусот. Иако пандемијата е во ек, подготовките течат, а градските власти постепено ги олабавуваат рестрикциите воведени за заштита од заразата.
Бројот на заразени со коронавирус во Русија се проближува до бројката од 550.000. Во изминатите 24 часа во земјата се потврдени 8.248 нови случаи на COVID-19. Починати се уште 193 лица, со што вкупниот број достигна 7.284.