Како можете да се затруете со тестенини?

Кога зготвеното месо ќе го оставите предолго на отворено, без да го сместите во фрижидер или замрзнувач, по некое време ќе се расипе и треба да се фрли. Но, што е со оризот или тестенините?

Иако можеби се чини дека нема да биде проблем ако зготвените тестенини стоеле некое време, сепак треба да се биде внимателен.

Имено, во тој случај може да се појави бактеријата Bacillus cereus. Оваа бактерија ќе живее каде што ќе начека шанса - во почвата, храната, па дури и во цревата.

„Познатите природни живеалишта на B. cereus се разновидни, вклучувајќи почва, животни, инсекти, прашина и растенија“, вели Анукрити Матур, истражувач по биотехнологија на Австралискиот национален универзитет.

„Бактеријата ќе се размножи со употреба на хранливи материи од прехранбени производи, вклучувајќи ориз, млечни производи, зачини, сушена храна и зеленчук“, додаде тој.

Некои видови на оваа бактерија се корисни за пробиотиците, но други можат да предизвикаат сериозно труење со храна ако им е дозволено да растат и да се размножуваат - на пример кога ја чувате храната во несоодветни услови. Најлошиот исход е смрт од труење

Еден таков случај беше забележан во 2005 година во Journal of Clinical Microbiology - пет деца во едно семејство се разболеле по јадење салата од тестенини што стоела четири дена. Храната била подготвена во петокот и требало да ја носат на екскурзија во сабота. Потоа ја чувале во фрижидер до понеделник навечер кога децата ја јаделе за вечера.

Повеќето луѓе нема да имаат сериозни последици

Таа вечер децата почнале да повраќаат и завршија во болница. Најмалото дете почина, едното дете имаше откажување на црниот дроб, а другите деца доживеаја нешто помалку сериозно труење со храна.

„ B. Cereus е позната причина за болести што се пренесуваат преку храна, но инфекцијата со овој организам ретко се пријавува затоа што најчесто предизвикува благи симптоми“, објаснуваат истражувачите.

„Опишаната смрт по откажување на црниот дроб поради конзумација на салата од тестенини покажува колку може да биде сериозно труење со храна“, изјавија тие.

Иако ваквите случаи се ретки, пријавени се неколку. Студија од 2011 година наведува дека 20-годишен студент од Белгија кој подготвувал ручек за цела недела. Ги сварил тестенините пет дена порано и ги загревал заедно со сосот. Следувале низа симптоми, вклучително и дијареја, болки во стомакот и повраќање, а студентот почина подоцна истата вечер.

Исто така, имало два случаи на откажување на црниот дроб кај 11-годишно 17-годишно момче кои јаделе тестенини стари четири дена. И двајцата починаа.

Треба да се нагласи дека повеќето луѓе кои ја добиваат оваа бактерија нема да доживеат сериозни последици како што се откажување на црниот дроб и смрт. Обично, се појавуваат само благи симптоми кои се карактеристични за труење со храна.

„Важно е да се напомене дека B. cereus може да предизвика сериозни и фатални состојби, како што е сепса, кај лица со ослабен имунитет, бебиња, стари лица и бремени жени“, вели Матур. Сепак, повеќето луѓе нема да имаат толку сериозни проблеми, пишува Science alert.

Не заборавајте да ја чувате храната во фрижидер и да ја одржувате кујната чиста. Редовно мијте ги рацете и подготвувајте храна следејќи ги препорачаните безбедносни упатства. Покрај тоа, Матур истакнува дека правилното загревање на остатоците од храна главно ги убива бактериите и нивните токсини. За да бидете безбедни, не јадете храна што стоела предолго.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе