Како НАСА ги бира астронаутите?

Многу деца растат мечтаејќи еден ден кога ќе пораснат да станат астронаути кои ќе бидат дел од мисии на Месечината или на Марс. Но, за да се добие оваа за многумина недостижна работа, потенцијалите астронаути минуваат низ строг процес на селекција.

На пример, за НАСА класата од 2021 година, американската вселенска агенција одбра само 10 кандидати од 12.000 пријавени. Основни услови се да имате американско државјанство, магистерска од областа на инженерство, биологија или информатика. Астронаутите мора да бидат во добра психофизичка форма и способни да ги поминат строгите тестови на НАСА.

Првите астронаути биле војници, што е и логично бидејќи првата вселенска трка се одвивала во текот на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз. Денес, изборот е поразличен, па не мора да бидете пилот или војник за да одите на Месечината.

Но, мора да минете ригорозен тренинг, двегодишна обука за квалификуван астронаут. Обуката се случува во различни средини и услови, од огромни базени до аеродроми и врели пустини, со цел да се тестира нивната храброст и издржливост.

Астронаутите тренираат под вода или во големи затворени базени, нуркаат во базен што симулира микрогравитација или бестежинска состојба, со цел да се добие чувство како да е во вселената.

Астронаутите минуваат и низ други тестови, а исто така ги тестираат и психолошки. Патувањето во вселената е многу стресно и астронаутите мора да ги поднесат промените во спиењето, изложеноста на силни зрачења, промени во гравитацијата и да се изборат со долгата изолација.

Откако ќе станат астронаути, редовно разговараат со медицински персонал, вклучително и со психолози. Одржувањето на менталното здравје е особено голем предизвик, со оглед на тоа што НАСА планира да испрати луѓе на Месечината и на Марс.

Remote video URL
реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе