Како се случува земјотрес?

Земјотрес или потрес е природна појава којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на Земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитуда од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм.

Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 км длабочина), среден (од 70–300 км длабочина) и длабок (300–730 км длабочина).

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

Предели кои се најподложни на земјотреси се вулканските огнени прстени и областите околу младите верижни планини. Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе