Како солта го ослабува нашиот имунолошки систем?

Покрај кардиоваскуларните проблеми, прекумерната употреба на сол може да го ослабне нашиот имунолошки систем.

Одамна е познато дека прекумерното внесување сол во организмот може да му наштети на здравјето на луѓето. Со текот на времето, тоа може да доведе до висок крвен притисок и зголемен ризик од мозочен удар, но се чини дека го ослабува и имунолошкиот систем. Научниците за прв пат го открија ова во 2021 година, кога ги истражуваа функциите на клетките за чистење и влијанието на прекумерната консумација на сол на нашето тело.

Една нова студија предводена од д-р Доминик Милер од Центарот „Макс Делбрик“ и д-р Маркус Клајневитфелд од Истражувачкиот центар „ВИБ“ сега покажува дека адаптивната имунолошка одбрана, под влијание на високите нивоа на сол во клетките - предизвикува прекумерни воспалителни реакции во телото, слични на оние забележани кај автоимуни болести.

Доаѓа до промени во метаболизмот

Појдовна точка на студијата биле резултатите од претходните студии, кои докажаа дека исхраната со премногу сол ги ослабува митохондриите на макрофагите и моноцитите, односно клетките за чистење на имунолошкиот систем кај пациенти со автоимуни болести и дека тие повеќе не функционираат правилно.

„Се прашувавме дали слични проблеми се јавуваат кај здрави субјекти“, вели Милер.

За да го пронајдат одговорот на ова прашање, истражувачите внимателно ги испитале Т клетките кои се суштински дел од адаптивниот имунолошки систем. Познати се и како „имунолошка полиција“ бидејќи ги држат под контрола агресивните клетки на имунолошкиот систем и нивниот одговор - бидејќи ако тие не функционираат како што треба, може да дојде до инфламаторни реакции и автоимуни болести.

Резултатите од истражувањето покажаа дека прекумерната употреба на сол може да покрене слични процеси и кај здрава особа, поради покачена концентрација на јони на натриум внатре во клетките, што го спречува правилното функционирање на митохондриите. Резултат на тоа се дисфункционални Т клетки кои повеќе не можат да ги исполнуваат своите задачи во имунолошкиот систем. Исто така, истражувачите се сомневаат дека зголеменото ниво на сол во телото може потенцијално да допринесе кон динсфункција на Т клетките кај пациенти со различни болести.

„Бидејќи тие исто така играат важна улога во болестите како што се рак или кардиоваскуларни болести, разјаснувањето на ефектите од прекумерната употреба на сол би можело да ги разјасни промените во функционирањето на Т клетките кај различни болести“, вели д-р Клајневитфелд. Меѓутоа, потребни се дополнителни студии за да се разберат потенцијалните врски.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе