Какви книги сака да чита Владимир Путин?

Човекот, кој голем дел од неговата професионална кариера ја основа на антагонизам кон САД, во приватниот живот обожава да чита американски писатели.

Рускиот претседател Владимир Путин во последнава година, поради војната во Украина, постојано е главна тема во светската јавност. На власт е од 2000 година и во улогите на претседател и премиер на земјата се задржа најдолго уште од времето на советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Нападот на Украина е врвот на неговиот конфликт со Западот, особено со САД.  И покрај неговата нетрпеливост кон „вечниот ривал“, Путин ги обожава американските писатели.

Тоа го откри во текот на 2011 година, за едно интервју за „Outdoor Life“, списание специјализирано за лов, риболов, кампување и преживување во природа.

Од тројцата омилени автори кои ги спомена  во тоа интервју, само Жил Верн е Европеец. Вторите двајца се американските писатели Ернест Хемингвеј и Џек Лондон.

„Главните ликови во неговите книги се претставени како храбри и снаодливи луѓе кои се впуштаат во многубројни авантури, а дефинитивно го обликуваат мојот дух и ја распламтија мојата љубов кон природата“, објасни Путин за „Outdoor Life“.

Изјави дека ги преферира романите на Хемингвеј кои не се за лов. Омилени книги му се „За кого бијат камбаните“, „Збогум на оружјето“ и „Старецот и морето“. Сите овие романи не се за храбри авантуристи, туку за мрачни, скршени луѓе.

Иако ова интервју можеби е дел од добар ПР потег, со однапред осмислени одговори, сепак изгледа дека неговото мислење за американската литература е искрено.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе