Канелони со шампињони и пармезан

Ако сте ги поканиле пријателите на ручек, изненадете ги со овој италијански специјалитет. Печурките се натопени во доматен сос и бело вино, па сето тоа збогатено со бешамел.

Постојат две верзии за правење канелони кои целиот свет ги знае. Едната е со познатиот болоњезе сос, значи мелено месо и црвен сос, а другата е, како што Италијанците ја нарекуваат - верде, односно зелена и која се подготвува со спанаќ и бешамел. Ако сте љубител на печурки, дефинитивно треба да го пробате и овој рецепт.

Канелони со шампињони и пармезан со додаток на милизлива панцета - како од најдобрите италијански ресторани.

Потребни состојки:

  • 1 пакување канелони (16 парчиња)
  • 400 гр шампињони
  • 100 гр панцета
  • 5-6 чешниња лук
  • 150 гр рендан пармезан
  • малку бело вино
  • 2 дл доматен сос
  • сол
  • бибер
  • мајчина душица
  • микс од зачини

за бешамелот:

  • 0,3 дл маслиново масло
  • 20 гр брашно
  • 3 дл млеко
  • мускатно оревче
  • микс од зачини

Подготовка:

Бешамел сос

На загреано масло пропржете го брашното додека не добие малку златна боја. Тргнете го од оган, па постепено додавајте млако млеко, цело време мешајќи за да избегнете грутки. Вратете го на оган и додека мешате почекајте да зоврие сосот. Додадете вегета и рендано морско оревче.

Канелони

Лукот ситно се сечка и се пржи на масло. Додадете сечкана панцета. Кога ќе замириса, на листовите додајте сечкани печурки. Се динста додека течноста не испари, па се додава малку бело вино. Додадете сол, бибер, мајчина душица и вегета по вкус. Кога сѐ убаво ќе се измеша се додава сосот од домати и ренданиот пармезан. Се трга од оган, се меша и кога ќе се олади се полнат канелоните. Плехот намачкајте го со масло, премачкајте го со малку бешамел, па наредете ги наполнетите канелони. Прелијте ги со подготвениот бешамел. Се пече во загреана рерна на 180-200°C околу 20 минути.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе