УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Капитенот на Јанг Бојс уште на полувреме му го побара дресот на Холанд

Филип Здравески
/ 08.11.2023 / 16:26

Репрезентативецот на Гвинеја не сакаше да ризикува Пеп да го извади од игра Холанд, па на паузата му го побара дресот.

Мохамед Али Камара го доби дресот на одличниот Норвежанец Ерлинг Холанд. Но, не го направи тоа на традиционалниот начин по завршување на натпреварот, туку на полувремето.

Холанд е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и токму затоа неговиот дрес е на цена. Противничките играчи често по завршувањето на натпреварите се тркаат кој прв да стигне до него за да разменат дресови.

Гвинеецот од Јанг Бојс не сакаше ништо да препушта на случајноста, па го начека Норвежанецот на полувреме, на патот кон соблекувалните. Холанд без никаков проблем го прифати неговото барање, го соблече дресот и му го даде.

URL

Излезе дека Камара стратешки паметно постапил со оглед на тоа што Пеп Гуардиола го повлече од игра Холанд во 61. минута кога победникот веќе беше решен. Десет минути претходно Холанд го постигна својот втор гол на натпреварот за водство од 3:0, што на крајот се покажа како конечен резултат. Во меѓувреме Јанг Бојс добија и црвен картон, а Холанд си доби заслужен одмор излегувајќи половина час порано.

Сепак, потегот на Камара, кој е капитен на Јанг Бојс, не наиде на одобрување во швајцарската јавност. Тој стана мета на критики и е обвинет за непрофесионално однесување и лош пример за еден капитен.

Дел од негативните коментари велат дека можел барем да почека да влезат во тунелот, а не тоа да го прави на теренот додека камерите го снимаат.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе