Карантин за емигрантите од Западен Балкан: Австрија се штити со нови рестриктивни мерки

Новите ограничувања за влез во Австрија по престојот во една од таканаречените „КОРОНА-ризични земји“ ќе стапат на сила на 19 декември, соопшти австриското МВР.

Мерката според која сите оние што се враќаат од земји со голем број на заразени лица, односно со двонеделен број на заразени лица над 100 на 100.000 жители, мора да поминат десетдневен карантин, ќе важи до 10 јануари.

Прекинувањето на десетдневниот карантин, според одлуката на Владата објавена вчера, е можно само по пет дена со негативен PCR тест.

Министерството посочува дека задолжителниот карантин важи само за лицето кое се вратило од патувањето, но не и за другите членови на семејството, иако тие живеат во исто домаќинство.

Со оваа мерка, австриската влада сака да ги спречи граѓаните од Западен Балкан и Турција да патуваат во нивните земји на потекло за време на божикните празници.

Фактот дека мерката важи до 10 јануари се објаснува со фактот дека сака да го вклучи православниот Божик на 7 јануари, кој многумина го слават со семејство во својата татковина.

Острите мерки се однесуваат на сите, без оглед дали се австриски државјани или странци, велат од Министерството.

Само прекуграничните работници, како и лицата кои морале да патуваат поради работа, се ослободени од мерката задолжителен карантин, бидејќи сите соседни земји на Австрија се сметаат за КОРООНА-ризични земји.

URL

Здружението на индустријалци од Долна Австралија (IVNOe) ја критикуваше австриската влада пооради карантинот за патници, нарекувајќи го „непотребна бирократска бариера“.

Претседателот на IVNOe, Томас Салцер, побара можност за прекин на карантинот со негативен тест.

„Зошто се воведува масовно тестирање, ако со овие брзи тестови не можеме да ги опфатиме повратниците од патување?“, праша тој.

Според него, оваа мерка негативно ќе влијае на странската работна сила, но и на австриските експерти со работа во странство.

Исто така, Австријците кои живеат во странство нема да можат, како што вели, да го поминат Божик со своите семејства.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе