Каталонија ги отвора кафулињата: Пикот на третиот бран е зад нас

Каталонија ќе олесни некои од мерките за спречување на ширењето на COVID-19 од следната недела, соопшти денеска локалната власт.

Дозволено е отворање на спортски сали, кафулиња и ресторани, бидејќи бројот на новозаразени паѓа и во покраината и во цела Шпанија.

„Веруваме дека пикот на третиот бран е зад нас“, рече каталонскиот министер за здравство Марк Раментол на прес-конференција.

Двонеделната инциденца на заразени падна на 783 на 100.000 жители, што значи дека за првпат е под 800 во последните 14 дена.

Мадрид претходно најави олеснување на мерките почнувајќи од денеска.

Досега повеќе од 60.000 луѓе починаа од корона во Шпанија

Како и да е, Шпанија сè уште го има третиот најголем број на дневни инфекции во светот и притисокот врз здравствениот систем останува висок. Вчера имаше 29.960 новоинфицирани, вкупно повеќе од 2,9 милиони, а бројот на починати се зголемил за 432 на вкупно 60.802.

Во Каталонија, каде што инциденцата е под 500 на 100.000 луѓе, во понеделник ќе се отвораат кафулињата и рестораните каде ќе може по еден час да се служи појадок и ручек во локалите, а остатокот од денот ќе работат со храна за носење.

Забраната за напуштање на општината, освен од работни или здравствени причини, ќе се олесни постепено, а другите ограничувања воведени во јануари ќе останат на сила.

Големите продавници и трговски центри остануваат затворени, а помалите продавници со несуштинска стока ќе бидат отворени од понеделник до петок. Полицискиот час останува во сила од 22 до 6 часот наутро.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Свет

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Read more

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more
 

Вести

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе