Казујоши Миура потпиша нов договор во Португалија, сака да игра до 60 години

„Стар си околку колку што се чувствуваш“ е совршената изрека која може да го опише јапонскиот фудбалер Казујоши Миура, кој ќе продолжи да игра и на 57-годишна возраст.

Пред неколку месеци Миура дебитираше за португалскиот второлигаш Оливејренсе, а сега одлучи да ја продолжи кариерата во тој португалски клуб и покрај тоа што има 56 години.

Еден од најдобрите азиски фудбалери во историјата професионалната кариера ја започна во 1982 година, за Јапонија постигна 55 гола на 89 настапи, а од јануари до јули 1999 година беше член на загрепски Динамо.

Миура е најстариот активен професионален фудбалер во светот, но сѐ уште нема намера да се пензионира.

Тој веќе претходно најави дека сака да игра до 60 години, а со останувањето во Оливејренсе е чекор поблиску до исполнување на таа цел.

Во февруари годинава Миура пристигна во Оливејренсе како позајмен од Јокохама и забележа 3 настапи, а сега позајмицата е продолжена до крајот на следната сезона. Во меѓувреме, Јапонецот ќе го прослави својот 57. роденден (на 26 февруари).

Оливејренсе се натпреварува во Лига 2, втората по ранг лига на Португалија. Лани сезоната ја заврши на 10. место од 18 клубови.

URL

Интересно, во Оливејренсе соиграч му е Бразилец кој има ист прекар како Миура - Казу. Станува збор за дефанзивецот Кристиан Кенџи Вагацума Ферејра, кој води потекло од јапонски имигранти во Бразил.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе