Ќе добиеме ли во иднина четврто светло на семафорите?

Целта е да се намали сообраќајниот метеж.

На семафорите црвеното значи „стоп“, жолтото „внимавај“, а зеленото „оди“. Сообраќајните инженери на Државниот универзитет во Северна Каролина сега предлагаат бело светло, кое ќе им овозможи на автономните возила да го подобрат протокот на сообраќај, а исто така да им даде до знаење на возачите што се случува.

Во компјутерските симулации, новиот пристап значително го подобрува времето на патување низ раскрсниците и ја намалува потрошувачката на гориво. Црвените светла пак ќе значат „стоп“. Зелените светла пак ќе значат „оди“, а белите светла ќе им „кажат“ на возачите едноставно да го следат автономниот автомобил пред нив.

URL

Концептот на бело светло се заснова на фактот дека е можно автономните возила да комуницираат безжично меѓу себе и со компјутерот што ги контролира сообраќајните сигнали. Кога до раскрсницата ќе се приближат доволно автономни возила, би се вклучило бело светло.

Во ова сценарио, семафорот би функционирал нормално кога процентот на самоуправувачки автомобили на раскрсницата е низок, но кога тој број се зголемува, белото светло ќе им сигнализира на возачите (луѓето) дека автономните возила го презеле системот и треба само да го следат автомобилот пред нив.

Авторите на оваа идеја велат дека светлото не мора да биде бело и може да биде било која боја (што не се користи на веќе постоечките семафори).

Научниците го тестираа овој систем користејќи сообраќајни симулатори. Во случај на раскрсница со „бела фаза“, метежот беше намален за 3 проценти кога имаше само 10 проценти автономни возила, но тој број процент на 10,7 кога имаше 30 проценти автономни возила.

Авторите на студијата тврдат дека некои краткорочни пилот програми за бело светло би можеле да започнат во контролирани средини, како што се пристаништата, каде комерцијалните возила, кои се со поголема веројатност да бидат автономни, би можеле да патуваат брзо и ефикасно.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе