Ќе се врши реконструкција на хеликоптерската несреќа кај Струмица

По пауза од повеќе од седум месеци денеска во Основниот суд во Струмица продолжи судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР. Судскиот совет одлучи да се изврши реконструкција на несреќата, а терминот дополнително ќе биде утврден.

-Реконструкцијата ќе се изврши доколку се обезбедат средства за користење на опрема од Министерството за одбрана, во спротивно судот ќе разгледува можност за супер вештачење од странство, рече судијката Цона Каламерникова, која го суди овој случај.

Денешното рочиште продолжи со одобрување од страна на одбраната на обвинитетите и обвинителството судењето да не почне од почеток, заради тоа што поминале повеќе од 90 дена од последното рочиште и притоа двете страни останаа на досега искажаните ставови и изведени докази.

Денес беше испрашуван вештакот Васил Валков, експерт за воздухопловни несреќи од Бугарија, предложен од одбраната на обвинитетите.

Му беа поставени вкрстени прашања од застапникот на обвинението, обвинителката Силвана Бајрактарова и одбраната на обвинитетите.

Клучна поента од неговото вештачење е дека пилотите, откако се спуштиле и полетале од позиција на оддалеченост од 1,5 километри од местото на несреќата, не го виделе среднобрановиот антенски столб висок 120 метри на тогашното ЈП „Македонска радиодифузија“, сега „Национална радиодифузија“, во кој удрил хеликоптерот. Додаде дека вршел увид на местото на несреќата, но во услови на ден и доколку пилотите правилно ја користеле опремата за ноќно летање осветлувањето од другите објекти не би требало да предизвикаат проблем.

-Претпоставувам дека екипажот можел да го забележи столбот и откако хеликоптерот се подигнал на 80-85 метри од земјата можел да го заобиколи од десната страна и и да се упати кон местото за слетување. Екипажот бил под притисок, бидејќи 19 минути немале комуникација со командата, не летале според предвидената маршрута, а слетувањето на било планирано и затоа биле под притисок да се вратат на маршрутата, рече вештакот Валков.

Тој своите заклучоци ги темели на резулатите од уредот „БУР“, кој ги бележи податоците за летот, кои во последните секунди отчитувале праволинско движење на хеликоптерот.

-Тие момци не биле самоубијци и нормално е дека ако гледале пред себе  барем во последните секунди ќе имало некаква реакција во насока на избегнување на несреќата. Дури и да не користеле опрема за ноќно летање, при светлина од Месечината од 92 проценти, ќе го забележале столбот и ќе реагирале да го избегнат. Тоа е во инстинктот на човекот за самоодржување, но со самиот факт што нема таква реакција произлегува дека тие не гледале напред, рече Валков.

На прашање на застапникот на обвинението дали има искуство со користење на ноќна опрема  и летање со неа, одговори дека  нема, а на дополнително прашање дали учествувал во расчистување на сериозни воздухопловни несреќи, тој одговори дека учествувал во истраги само во расветлување на инциденти без жртви.

Во овој случај се обвинети Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“, Драгослав Радески, технички директор и правното лице ЈП „Македонска радиодифузија“, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе