ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Кејн се сели во Баерн, трофеите ги стави пред рекордот на Ширер

Како што пренесуваат бројни угледни медиуми и извори, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Хари Кејн, постигнал договор со баварскиот гигант.

Кејн (29) од почетокот на преодниот рок се споменува како потенцијално засилување за Реал Мадрид и Баерн, но сѐ уште не се откажал од својот Тотенхем.

Синоќа на адресата на Тотенхем пристигнала првата официјална понуда на Баерн, која гласи 70 милиони евра плус бонуси, но истата веднаш била одбиена, за потоа вечерта двете страни да направат голем исчекор кон реализација на трансферот.

URL

Голем број угледни медиуми, меѓу кои и германски Bild, но и некои британски, објавија дека Кејн постигнал договор со Баерн за платата и други услови.

Кејн е заинтересиран за преселба во Баерн и го стави освојувањето на трофеи пред веројатно соборувањето на рекордот на Алан Ширер како најдобар стрелец на сите времиња во англиската Премиер лига.

Од друга страна, откако Баерн остана без Роберт Левандовски нема голгетер во своите редови. Носењето на Садио Мане се покажа како погрешен потег откако Сенегалецот не само штостигна едвај 7 гола, туку и се караше во соблекувалната.

URL

Останува неизвесно дали челниците на Тотенхем ќе го пуштат Кејн во Баерн. Тие веќе ја одбија понудата од 70 милиони евра, но би можеле да се согласат на секоја наредна бидејќи на Кејн му истекува договорот следното лето и би можел бесплатно да го напушти Северен Лондон.

Во текот на неговата кариера, Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Тотенхем, најдобар стрелец во историјата на Англија и втор најдобар стрелец досега во Премиер лигата. Се очекуваше тој наскоро да го собори рекордот на Ширер, но преселбата во Баерн веројатно би значело дека тој рекорд останува недопирлив. Ширер има 260 постигнати голови, додека Кејн има 213. Барем две сезони би му требале за да го престигне.

Кејн од младинец е во Тотенхем, а во првите неколку сезони беше позајмуван за да стекне искуство. Вкупно 10 сезони по ред како е во првиот тим, но не успеа да освои ниту еден трофеј со овој тим. Имаше три шанси, но трипати губеше во финалињата: 2015 и 2021 во Лига купот и 2019 во Лигата на шампионите. Премиер лигата исто така никогаш не ја освои, а најблиску беше во сезоните 2015/2016 и 2016/2017 кога титулата ја загуби од Лестер и Челси.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе