ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Кембел: Дајте ми го Арсенал, да го спасам

Поранешниот дефанзивец на „Топчиите“ сам се понуди да биде нов предводник од клупата велејќи дека знае како Арсенал да почне да игра далеку подобро.

Сол Кембел беше дел од онаа златна и непобедлива генерација на Арсенал кога жареше и палеше на Островот. Она од кое денес не остана ниту бледа сенка во Северен Лондон.

Како и многумина, и нему му е жал да го гледа Арсенал денес, никаква игра, слаби играчи, претпоследен на табелата без постигнат гол и без освоен бод.

„Мачно е да се гледа Арсенал во моментов, навистина мачно. Проблемот е во залагањето и во квалитетот. Да, потрошивме многу пари, во моментов најмногу од цела Англија, но проблем ни се квалитетот, конзистентноста и искуството“, почнува 46-годишниот Кембел говорејќи за talkSPORT.

„Добро е да се има потенцијал, секогаш бараме потенцијал, но понекогаш е потребен оној инстант гарантиран успех. Ова е многу, многу млад тим, мора да го запомните тоа, има недостаток на искуство - и тоа е основно!“, дополнува.

Но, сепак, младоста не смее да биде изговор, особено не за клуб од рангот на Арсенал.

„Некои од играчите треба да тренират основни работи. Може да се загуби, но начинот на кој примаме голови е прелесен. Времето потребно за реакција на некои од дефанзивците е проблем, а не се ни поддржуваат еден со друг, не чувствуваат кога доаѓа опасност“.

„Првиот гол (против Челси, заб. на прев.) ни прелета преку шестнаесетникот - па врати се назад и брани, не само да чекаш! Едноставно е, а тоа се А, Б и В лекции за одбрана. Направи Челси да постигне добри голови, а не едноставни. Прелесно е“, тврди Кембел, кој своевремено важеше за еден од најдобрите дефанзивци на светот.

Remote video URL

„Јас можам да им помогнам. Само нека ми ја дадат работата и ќе им помогнам. Ќе ви кажам како се излегува на крај со пресинг од двајца играчи на Брентфорд! Мислам, што ли правеа? На тој натпревар пресингот беше од двајца, многу лесно за излегување на крај! Ја ширите играта и играчот што притиска треба да истрча уште десетина метри, а тоа ви отвора повеќе простор на средината. Тоа е многу едноставно!“, вели Кембел.

Remote video URL

Кембел мина пет сезони во Арсена од 2001 до 2006 кога двапати ја освои Премиер лигата, трипати ФА купот, еднаш Лига купот, а играше и финале во Лигата на шампионите каде загуби од, тогаш моќната, Барселона со Роналдињо и Ето. Копачките ги закачи во 2011 година, а пред тоа на кратко се врати во Арсенал да одигра една последна полусезона со што дојде до вкупно 211 натпревари и 12 гола. За Англија одигра 73 натпревари со 1 гол и играше на Мундијалите 1998, 2002 и 2006, како и на ЕУРО 1996, 2000 и 2004.

Во тренерската кариера досега има водено два клуба и тоа Маклсфилд Таун од Лиг 2 и Саутенд Јунајтед од Лиг 1, но од минатото лето е без ангажман. Во меѓувреме беше и политички ангажиран, а и поддржувач на Брегзит.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе