Хаос во Торино: Алегри го шиканира капитенот на Јувентус

Јувентус проживува кошмарна сезона. Италијанскиот и европски гигант имаше катастрофален почеток на сезоната, со најлоши резултати откако се врати во Серија А, откако беше исфрлен поради местење натпревари.

„Старата дама“ е само осма во првенството, а во Лигата на шампионите го отвори натпреварувањето со два последователни порази - од ПСЖ и Бенфика. Во Торино во моментов владее хаос, сите меѓусебно се обвинуваат за очајните резултати и уште полошата игра. Врвот на незадоволството дојде викендов кога загубија од Монца. Работата да биде уште полоша, ова е прва победа за Монца оваа сезона, а избраниците на Масимилијано Алегри не прикажаа никаква игра на тој меч.

Капитенот на тимот Леонардо Бонучи не одигра ниту една минута против Монца, а помошникот на Алегри, Марко Ландучи, во изјава за медиумите по натпреварот, рече дека е изоставен од технички причини.

Но, Gazzetta dello Sport пишува дека Алегри решил да го изостави поради друга причина - поради изјавата што ја даде по поразот од Бенфика во Лигата на шампионите.

„Загрижен сум за состојбата во која се наоѓаме, нема смисла да се негира. За жал, имаме тенденција да ја губиме играта за време на натпреварите. Не знам зошто се случува тоа, но факт е дека тоа најмногу ме загрижува, дури и повеќе од лошите резултати“, изјави Бонучи, јасно алудирајќи на проблемот со тренерската тактика.

Тоа не е крајот на проблемите на Бонучи бидејќи навивачите на Јувентус објавија соопштение дека тој никогаш не бил и нема да биде лидер на нивниот тим.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе