Хеликоптер на МВР се урна на аеродромот во Скопје, еден лесно повреден

Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.

Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“, откако наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при полетување. Во него имало пет лица.

Според првичните информации едно лице се здобило со лесни телесни повреди.

 

Министерот на внатрешни работи Наќе Чулев ја потврди веста преку социјалните мрежи.

„Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди. Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот. Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди“, напиша Чулев.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе