Борусија го совлада Падерборн со 6:1 во натпревар од 29. коло на германското фудбалско првенство.
Пола од головите за гостите, односно хет-трик отиде на сметката на Џејдон Санчо, а по еднаш погодија Торган Азар, Ашраф Хакими и Марсел Шмелцер. Стрелец за домаќините беше Уве Ханемајер.
По овој натпревар, Борусија со 60 бодови го зазема второто место на табелата, зад лидерот Баерн кој има 67.
Падерборн со 19 поени остана на последното 18. место.
На другиот вчерашен дуел, Борусија од Менхенгладбах го победи Унион Берлин со 4:1.