Хималајските глечери се топат со невидена брзина, се закануваат опасни поплави

Глечерите во хималајскиот планински венец се топат со невидена брзина, што може да предизвика опасни поплави и недостиг на вода за околу 240 милиони луѓе кои живеат во планинскиот регион, покажа новиот извештај објавен денеска.

Глечерите во тој регион би можеле да изгубат од 75 до 80 отсто од својот волумен до 2100 година поради глобалното затоплување, се вели во извештајот.

Околу 2010 година, глечерите се топеа 65 отсто побрзо отколку во деценијата пред тоа, според Меѓународниот центар за интегриран планински развој (ICIMOD) со седиште во Катманду.

„Ги губиме глечерите, ги губиме во рок од 100 години“, вели Филипус Вестер, научник и член на ICIMOD, главен автор на студијата.

Потреба од итна климатска акција

„Со глобалното затоплување, мразот ќе се стопи, тоа е предвидливо. Но, она што е неочекувано и загрижувачко е брзината. Се одвива многу побрзо отколку што очекувавме“, додаде Вестер.

Со затоплување од 1,5 степени Целзиусови, или 2 степени над прединдустриските температури, глечерите низ целиот регион на Хималаите ќе изгубат од 30 до 50 отсто од својот волумен до 2100 година, се вели во извештајот.

Но, со затоплување од 3 степени Целзиусови - што ќе се случи со сегашната климатска политика - глечерите ќе изгубат 75 проценти од мразот, а на 4 степени тоа се искачува до 80 проценти.

„Ова ја покажува потребата од итна климатска акција“, нагласи Вестер.

Помалку снег од порано

Извештајот покажа дека протокот на вода во 12-те речни сливови во регионот, вклучувајќи ги Ганг, Инд и Меконг, најверојатно ќе го достигне својот врв до средината на векот, со последици за повеќе од 1,6 милијарди луѓе кои зависат од тоа снабдување.

„Иако може да звучи дека ќе имаме повеќе вода бидејќи глечерите се топат со зголемена брзина... премногу често ќе има поплави наместо постојан проток“, објасни Вестер.

По врвот на водата, залихите на крајот ќе се намалуваат. Многу високопланински заедници користат глацијална вода и стопен снег за наводнување на посевите. Но, времето на снежни врнежи стана понепредвидливо и помалку од порано.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе